Грчки медиуми: Европска шлаканица со медитерански шмек за грчката надворешна политика
Европска шлаканица со медитерански шмек за грчката надворешна политика, вака грчките медиуми го коментираат признавањето под уставно име и воспоставувањето на дипломатски односи со Македонија од официјална Ла Валета.
Медиумите се изненадени од молкот кај грчките власти, иако одлуката пишуваат е соопштена на министерскиот совет во Малта, во присуство на заменикот на шеф на грчката дипломатија Катругалос.
Веста за признавањето на уставното име на Македонија од Малта и воспоставувањето на дипломатски односи ја пренесуваат сите грчки медиуми. Пренесувајки ги инофмрациите објавени од Сител пишуваат и дека одлуката е веќе објавена и во Службен весник.
Грчките медиуми не забораваат да потсетат дека засега Кипар останува единствената членка на Унијата со која Македонија не ги официјализирала односи. Главната причина што Никозија се уште не воспоставила дипломатски односи со земава е одбивањето тоа да го стори под уставното име, пред се поради притисокот од Атина.
Меѓу 135-те земји во светот кои ја признаваат Македонија под уставното се и трите најмоќни и постојани членки на Советот за безбедност-САД, Русија и Kина.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
