Грчкото МНР: Нелегални се турските морски паркови во Егејското море и Источниот Медитеран

Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја во области вон националната јурисдикција, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР додадоа дека овие морски паркови се незаконски и во случај да се протегаат во рамките на грчкиот континентален гребен, па така „станува збор за дејствие кое не произведува никакво правно дејство, ниту во однос на меѓународните води, ниту во однос на грчките права во грчкиот континентален гребен“.
- Дејствијата со кои се прави обид да се создадат свршени чинови или еднострано да се влијае врз статусот на морските зони во Егејското Море и Источниот Медитеран го прекршуваат меѓународното право, не придонесуваат за консолидација на климата на добрососедски односи и сериозно ги поткопуваат напорите за одржување на односите на меѓусебно разбирање меѓу двете земји, соопштија од грчкото МНР.
Паралелно посочија дека Грција ќе продолжи „доследно и решително да дејствува за заштита на своите суверени права, зачувување на слободите на отвореното море“, како што се предвидени со меѓународното право на морето, како и за заштита на морската животна средина во согласност со меѓународното право.
Потсетија и на грчката иницијатива за воспоставување национални морски паркови во Јонското и Егејското Море, што е „во целосна согласност со меѓународното право на морето и исклучиво во рамките на грчките територијални води“.
МИА
Ново на Сител
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
