Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
Изборен ден и во Бугарија. Нашиот источен сосед избира шеф на државата и потпретседател. На гласачкото ливче има дури 27 кандидатски двојки. Спред анкетите, главен фаворит е актуелната претседателка 61 годишната Илијана Јотова.
-Денес гласав бидејќи длабоко верувам дека Бугарија ќе доживее подем. Длабоко верувам дека мора да има мир, стабилност и безбедност. Исто така, гласав за да ставам крај на поделбите и омразата меѓу нас. На нас, Бугарите, повеќе од кога било ни се потребни консензус, разговор, дијалог и единство. И гласав за Бугарија
Нејзин најсериозен противник е 50 годишниот Андреј Ѓуров.
-Не сакаме нашите деца да живеат во страв, зависности и сиромаштија од минатото - минато во кое некои луѓе сакаат да нè вратат. Сакаме Бугарија што гледа напред - европска, слободна и горда Бугарија - каде што приходите се доволни, каде што можеме да се чувствуваме сигурни за утре и каде што државата функционира како што треба. Ова е избор помеѓу два пата и се случува денес.“
Јотова ја има поддршката на премиерот Радев а Гуров на прозападните, и реформски партии.
Додека Радев беше претседател , Јотова беше потпреседател. Двајцата победија како двојка на изборите во 2016 а потоа го сочуваа мандатот и на изборите во 2021 година. Јотова седна во претседателката фотеља кога Радев подне оствака во јанаури година за да стане премиер.
Претседателската фунцкија во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседатлот е врховен командат на вооружените сили , може да стави вето на законите и да потпишува мегународни договори.
Доколку победи Јотова, Радев и неговата Прогресивна Бугарија ќе обезбедат голема политичка моќ. Дел од бугарските глсачаи сметаат дека на земјата и е потребен претседател кој е незавиен од владата.
-Очекувам да има втор круг, а потоа и исход што ќе доведе до поделба на власта – односно, претседател кој е независен од владата.“
-Се надевам дека ќе победи кандидатот за кој гласав, бидејќи сметам дека во моментов е исклучително важно да постои рамнотежа во бугарската политика.“
Кампњата помина под силно влијание на надовршената политика и безбедноста. Во фокусот беа неодамнените наапди со дронови врз трговски бродови во Црното Море во близина на бугарскиот брег, што ги зоилеми стравувањата од прелавање на руско-украинската војна.
Покрај безбедноста, граѓаните се фокусирани и на домашните економски проблеми, како што се инфлацијата и зголемените трошоци за живот.
„Очекувам претседател кој размислува за развојот на идните генерации; тука сме јас, сопругата и ќерка ни, и се надеваме дека нашиот пат и во годините што доаѓаат ќе продолжи да биде европски.“
Интересен момент за овие избори е што ГЕРБ која беше доминантна сила во Бугарија од 2008 до 2025 година, а сега е на второто место одлучи да не номира свој кандидат за претседател.
Во Бугарија се објавуваат излезни акети и во текот на денот на гласањето. Тие засега предвидуваат тесна предност за Јотова. Главните резултатио се очекуваат по затворањето на избирачките места, а официјалните резултати од првиот круг треба да бидат објавени до 27 октомври.
Доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е закажан за 1 ноември.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
