Груевски во лабораторијата за ин витро на државна гинекологија
Стотици брачни парови веќе направиле Ин витро во новата лаботарорија на Клиниката за Гинекологија. Постапката за некои била успешна, а други повторно ќе се обидат да добијат дете. Ова му го соопштија на премиерот Никола Груевски лекарите кои ја работат оваа процедура. Современата лабораторија за Ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони на Гинекологија е дел од проектот на Владата за набавка на нови лаборатории. Чини 15 милиони денари.
- Лабораторијата веќе се користи и дава добри резултати. Лекарите ни појаснија кои се начините, како ја користат и сите бенефити од неа. Се радувам што она што го ветувавме претходно на изборите и во нашата програма сега веќе се користи, ставено е во употреба. Стотици граѓани го користат, некои со успех, а некои и понатаму очекувааат успех, изјави по посетата на лабораторијата премиерот Никола Груевски.
Неодамна Владата овозможи бесплатно Ин витро и за трето и четврто дете. За оваа постапка на државен трошок досега интерес пројавиле десетина брачни парови.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
