Груевски во посета на тетовско
-Стигна во наше село. Да стигнав одговори премиерот Никола Груевски
-Добро ни дојде мајкин мој му посака на премиерот една повозрасна жителка на селото Доброште.
Вака премиерот Никола Груевски беше пречекан во тетовските села Доброште и Порој. Во овие две населени места Претседателот на Владата изврши увид во градежните работи за санација на штетите од големите поплави кои го зафатија овој регион на почетокот на август.
Прво на агендата беше селото Порој. Овде интензивно се расчистува коритото на Поројска река која во невремето го имаше затрупано мостот кој го поврзува ова село со Тетово. Поради големото оштетување активностите ќе продолжат во наредните 2-3 месеци. Груевски на жителите им укажа дека без оглед на временските прилики работата на терен ќе се одвива согласно предвидената динамика. Претставниците на месната заедница се интересираа за чистењето на коритото на реката, а Премиерот им одговори дека активно се работи на тоа.
Потоа Груевски го посети и селото Доброште и тука интензивно се работи на расчистување на последиците од невремето. Граѓаните чии домови претрпеа поголеми штети се заблагодарија за подршката.
Жителите на Доброште пред премиерот го истакнаа и проблемот со водоснабдувањето и побараа реконструкција на водоводната мрежа. Веднаш беше договорено претставници на општината Теарце и жители од Доброште утре на состанок во министерството за транспорт детално да ги разгледаат сите аспекти и овој проблем да биде решен.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
