Македонија
21. March 2017 - 16:23

Груевски за Вечерњи лист: Македонија нема да ја предводи влада составена во Тирана

Неприфатливо за ВМРО – ДПМНЕ е странски влади да подготвуваат платформи за формнирање идни влади во друга земја порачува во интервју за Вечернји лист, лидерот на партитијата Никола Груевски.

Имам јасна потврда дека албанската платформа, која ги обедини СДСМ и албанските партии, е направена во Тирана. Сега, спротивно од тоа што го велат и ДУИ и меѓународната заедница, мнозинството Македонци треба да бидат во опозиција, додека албанските партии и поразената македонска партија се спремни да ја водат албанската платформа, чија цел е двојазичност на целата територија на Македонија, бинационална држава, федерализација на државата и брза промена како на името, така и на идентитетот на народот, што ние нема да го дозволиме, вели Груевски.

Груевски во интервјуто вели дека преговорите помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ пропаднале поради неможноста да се најде заеднички јазик и тоа што неговата партија не бил а пдоготвена да прифати се што било ставено на маса. Тоа што ние не го прифативме, бидејќи сметавме дека е опасно за Македонија, го прифати Зоран Заев. Поради тоа и луѓето излегоа на улица, порачува Груевски. Во интервјуто зза вечернји лист претседателот на ВМРО – ДПМНЕ вели дека претседателот Иванов не е виновник за актуелната состојба.

Земјата влезе во криза поради договорот меѓу СДСМ и ДУИ, кои сакаат да ја редефинираат државата и да го поткопаат македонскиот идентитет. Заев прифати во парламентот да се донесе одлука со која македонските власти би ги осудиле Србите за геноцид над Албанците, што за нас е неприфатливо, одговара Груевски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ вели дека единствена цел на сите заедници во Македонија мора да биде целосно обединување но во рамки на европското семејство.

Македонија е една од ретките, ако не и единствена земја во Европа, во која припадниците на етничките заедници уживаат големи права. Тоа воедно е наше богатство. Не смееме да дозволиме да го изгубиме таквото богатство. Сакам да верувам дека сонот за „голема Албанија“ е само минато и дека единственото обединување на целиот регион ќе се случи во рамките на границите на европското семејство, вели Груевски.

Тој во интервјуто за Веченји лист вели дека Македонија неправедно останува надвор од евроатлантските структури, поради проблемот кој го создава Грција и покрај пресудата во Хаг. Груевски посочува дека партијата која ја води нема да прифати промена на уставот поради промена на уставното име. За секој став  порачува тој мора да одлучат граѓаните на референдум.

За ВМРО-ДПМНЕ евроатлантската ориентација останува главен избор. Прозападната ориентација е во коренот на нашата партија. СДСМ е партија која потекнува од поранешниот Сојуз на комунистите и која имаше двоумење дали Македонија треба да биде одвоена од Југославија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш се труди да имаме што повеќе партнери на меѓународната сцена, но никогаш не сака да отстапи од своите приоритети, вели Груевски.

Запрашан за помошта од Македонија во бегласката криза и односот на Брисел, Груевски вели дека ЕУ треба да го смени својот однос кон Македонија, но не затоа што нешто должи, туку зашто треба да се придржува до начелата на правдата.