Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјави за локалните медиуми синоќа дека земјата гледа британско влијание во она што тој го нарече „најновите провокации“ на Украина насочени кон нарушување на мировниот проес.
Претходно вчера, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на претседателот Владимир Путин во регионот Новгород во обид да ја принуди Москва да ја промени својата преговарачка позиција.
„Секако, она што се случи денеска е сериозен обид за саботирање на преговарачкиот процес, за да се отежни постигнувањето мир“, нагласи Грушко, цитиран од руските медиуми.
Заменик-министерот истакна дека штом сегашниот преговарачки процес влезе во фаза на барање решенија, „украинските власти започнаа провокации за да спречат формирање услови за мирно решение“.
„Во исто време, овие чекори имаат многу остри форми и, сосема очигледно, се насочени кон неуспех на преговарачкиот процес. Како по правило, тие дејствуваат заедно со своите западни покровители. Прво на сите, британскиот стил е видлив тука“, објасни Грушко.
Тој дополнително увери дека Москва ќе направи сè за да ја обезбеди безбедноста на Русија стопроцентно во услови на агресивни дејствија на европските и земјите од НАТО.
„Ако зборуваме за тоа што прават европските бирократи денес, особено оние што ја водат ЕУ, оние што го водат НАТО, тогаш суштината на политиката, суштината на подготовката на општеството, суштината на воениот развој лежи во создавањето услови за воен судир со Русија“, рече Грушко.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
