Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, кажа своите очекувања за денешната трка во Монако, шеста од светскиот шампионат во Формула 1 оваа сезона.
– Знаете како одат овие трки. Многу, многу е тешко да се направи престигнување. Се надевам дека ќе имам многу добар почеток. Можеби ми треба дожд. Но, ништо не е невозможно. Оваа трка обично се одвива како парада, во смисла дека се следиме еден со друг. Автомобилот се прегрева, сопирачките се прегреваат поради условите на патеката. Но, ќе се обидам да се пробијам и да ги вознемирам тие двајца пред мене на стартот. Се чувствував способен. Имам многу добар однос со автомобилот и добар однос со тимот, изјави Хамилтон.
Четириесет и едногодишниот Британец заврши трет во квалификациите. Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели ќе тргне од пол-позицијата, додека возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор.
Почетокот на трката е во 15 часот.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
