Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори

Пратеникот на Алијансата, Рамуш Харадинај, го обвини денеска косовскиот премиер Албин Курти дека наводно повторно го води Косово на избори, бидејќи не е постигнат договор за Законот за специјализираните совети и изборот на претседател на Косово.
-Ова е четврти пат истото лице, истиот донесувач на одлуки, да ја води земјата на избори – рече Харадинај на прес-конференција во Собранието на Косово, пренесе Бета.
Тој оцени дека е „многу нечесно“ во клучен момент за „одбраната“ на поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) процесот на усвојување на законот да се остави недовршен.
-Курти ги зароби и законот и земјата, му нанесе тежок ударот на Законот за специјализираните совети – рече Харадинај.
Тој го обвини Курти дека работи на тоа „да го поништи Косово“, но, според него, „нема да успее, бидејќи Косово е поголемо од овој патолошки злосторник“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
