Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран

Новиот началник на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами, денеска изјави дека секој пат кога Американците ќе извршат злосторства против Иран, добиваат решителен одговор и дека така ќе биде и овој пат.
Во видео обраќање, тој „ги замоли командантите и војниците да ги спроведат плановите објавени од Централниот штаб“ и рече дека сите треба да бидат убедени дека иранската армија ќе победи во овој конфликт, пренесува Тасним.
Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфаќари, денеска изјави дека неодамнешните непријателски дејствија на САД го прошириле опсегот на легитимни цели за вооружените сили на Иран.
„Господине Трамп, коцкару, вие можете да ја започнете оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме“, рече портпаролот на иранската војска на англиски јазик на крајот од неговата снимена изјава, јавија британските медиуми.
САД во сабота вечерта бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, придружувајќи му се на Израел кој на 13 јуни почна напади врз нуклеарните и воените постројки во оваа земја.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
