Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
Поранешниот директор од редовите на ДУИ, Бујар Дардишта оди во притвор. Обвинителството го товари за неколку кривични дела дури бил управител на ЕСМ Дистрибуција. Покрај Дардишта во истрагата се опфатени уште 32 лица, а сите се осомничени за злосторничко здружување. Дел од нив Обвинителството ги сомничи и за злоупотреба на јавен повик, дел за злоупотреба на службена положна, а 20 од нив за перење пари.
Вработените во ЕСМ и управителите на двете осомничени фирми во 2023 формирале група за извршување на овие кривични дела, а во групата се приклучиле и останатите 26 осомничени.
Истата година, за да се изигра постапката за тендер, осомничените кои работеле во ЕСМ се сомничат дека го наместиле тендерот за набавка на СКАД ОРМАРИ, така што однапред изготвиле техничка спецификација за да одговара на фирмата. Планот бил на тендерот да се пријават двете осомничени фирми, една од Скопје една од Куманово. Фирмата од Куманово доставила нецелосна документација и дала повисока понуда, што однапред не можела да победи, а фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност на набавката, иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот. Го оштетиле буџетот на ЕСМ Дистрибуција за нешто над 7ипол милиони евра.
По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела, пријавените од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на паричните средства, истите во вкупен износ од 125.556.930,00 денари, односно 2.041.576 евра, ги пуштиле во оптек, примиле и пренеле и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело.
Судот им определи притвор на Дардишта и уште шест други лица, а за шестмина осомничени мерки за обезбедување на присуство.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
