Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та

Европската комисија денеска, во пакетот мерки претставен во Стразбур, најави дека ќе ја ублажи својата забрана за продажба на нови бензински или дизел автомобили до 2035 година, како резултат на големиот притисок од автомобилската индустрија и лидерите на неколку земји-членки на ЕУ, меѓу кои се Германија и Италија.
Според важечкото законодавство во ЕУ, производителите беа обврзани да обезбедат 100 отсто од производството на автомобили и комбиња да има нулта емисија на штетни гасови до 2035 година.
Европската комисија денеска потврди дека тоа сега ќе се намали на 90 отсто, што ќе овозможи продолжување на производството на дел од хибридните електрични автомобили, па дури и на мотори со внатрешно согорување, и по 2035 година, пренесува „Гардијан“.
Преостанатите десет отсто од производството што не е јаглеродно неутрално, производителите на автомобили ќе треба да го надоместат со други „зелени“ мерки во фабриките, вклучувајќи употреба на „зелен челик“ произведен во Европа или употреба на биогорива во не-електричните возила.
„Ова ќе овозможи плаг-ин хибридите (PHEV), возилата со продолжен домет, благите хибриди и возилата со мотори со внатрешно согорување и понатаму да играат улога и по 2035 година, покрај целосно електричните возила (ЕВ) и возилата на водород“, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Комисијата, исто така, ги ублажи целите за електричните комбиња, намалувајќи ги барањата за намалување на емисиите на јаглерод од 50 отсто на 40 отсто до 2030 година.
Европската комисија најави и нови стимулации за производителите да произведуваат мали автомобили, најпопуларната категорија возила во Европа. На производителите на автомобили ќе им бидат понудени „супер кредити“ до 2035 година како поттик за производство на мали, достапни електрични автомобили.
МИА
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
