Хидросистемот Злетовица значително ја намали сметката за струја на Општина Штип
За 8 милиони денари пониска сметката за потрошена електрична енергија во месец февруари на ЈП „Исар“ од Штип, благодарение на приклучувањето на ХС „Злетовица“. Во јануари „Исар“ за струја плати 19 милиони денари, што е повеќе од вкупниот приход кое претпријатието го остварува на месечно ниво.
-
Треба да земеме во предвид дека бевме вклучени на ХС „Злетовица“ на 18-ти минатиот месец, така што оваа сметка од 11 милиони денари, за наредниот месец, односно, за месец март, ќе биде значително уште пониска што значи дека јавното претпријатие полека го решава тој проблем со високите сметки за струја-изјави Трајче Здравков-директор на ЈП „Исар“-Штип.
Кон приватниот добавувач, кој еднострано го раскина договорот, претпријатието се раздолжи 5 милиони денари, но се уште има долг од 25 милиони. Кон ЕВН за само 2 месеци долгот се акумулира за нови 30 милиони денари, што во прашање го доведува функционирањето на претпријатието.
-
Доколку не се изнајде некој начин, согласно нашите можности, да го исплаќаме тој долг на рати, секако дека има можности да биде блокирана сметката-додаде Здравков
Енергетската криза силно ги погоди јавните претпријатија, па сега скоро двојно им се зголемени трошоците за набавка на гориво и останатите репроматеријали.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар