Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин

Европската Унија постојано работи на нови начини за зголемување на притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин, со цел да го убеди да седне на преговарачката маса за постигнување мир во Украина, порача денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
- Постојано работиме на нови средства и начини за зголемување на притисокот за да се осигураме дека ќе го донесеме на преговарачката маса, изјави Хипер, во одговор на прашање дали ЕУ подготвува нов 20-ти пакет санкции кон Русија.
Таа додаде дека викендов бевме сведоци на жестоки руски напади врз украинската критичната енергетска инфраструктура, вклучително и врз трафостаница поврзана со нуклеарна централа, што доведе до прекина дистрибуцијата на електрична енергија, вода и греење и ја загрози нуклеарната безбедност.
- Постојано работиме на санкции и поддршка на Украина. Исто така, продолжуваме и со контакти со земјите партнери за да мобилизираме понатамошна поддршка за да можеме да и помогнеме на Украина во обезбедувањето поддршка во енергетскиот сектор, нагласи Хипер.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
