ХОРОР: Со стап силувале петгодишно девојче до смрт

Индиската полиција испитува луѓе поврзани со убиство и брутално силување на петгодишно девојче.
Нејзиното тело е пронајдено во недела близу до куќата во која живеела. Се верува дека ја силувале со помош на стап, кој е пронајден заедно со нејзиното тело.
-Жртвата починала поради тешките повреди на внатрешните органи предизвикани со ставање на дрвен стап во гениталиите. Стапот бил ставан насилно, што предизвикало повреди не само на матката, туку и на цревата, изјавил за Индија тудеј докторот кој ја правел обдукцијата.
Се претпоставува дека девојчето било киднапирано ноќта помеѓу петокот и саботата и дека брутално било мачено во саботата, кога е и пријавено нејзиното исчезнување. Напаѓачите најверојатно го фрлиле телото после мачењето.
Неколку роднини на таткото на девојчето се повикани на испрашување за овој случај, но досега нема ниту уапсен.
Жителите на малото место на северот на Индија каде што живеело девојчето излегле на улиците да протестираат поради злосторството и бараат брза реакција на полицијата.
Затворени се сите продавници и блокирани патиштата во знак на протест.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
