Македонија
5. October 2026 - 16:41

Ново археолошко богатство кај Корошишта

Ново археолошко богатство во струшко Корошишта. Археолозите открија војнички гроб со штит, шлем, копја, меч и други предмети од злато, бронза, од архајскиот период, покрај шлемот пронајдена е и златна фолија која служела за покривање на лицето на покојникот еден вид на златна маскa која ќе биде заштитена и доистражена.

Од Управата за заштита на културното населдство најавија дека ќе предложат информација до Владата овие археолошки истражувања да добијат сатус на капитален проект.

Според археолозите, новото војничко погребување и оружјето пронајдено во него даваат важни податоци за статусот, идентитетот и воената улога на дел од луѓето погребани во некрополата.

Локалитетот Расница привлече внимание во јавноста во 2024 година, кога археолошките истражувања открија монументална гробна целина со исклучително богат археолошки материјал.