Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“

Во дворот на Дневниот центар „Гнездо“ во општина Центар денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“, во организација на Здружението „Новинари за човекови права“ – Скопје.
Настанот е замислен како еднодневен семеен и добротворен базар, чија главна цел е собирање средства за поддршка и континуирано функционирање на програмите на Дневниот центар „Гнездо“, кои обезбедуваат психосоцијална поддршка, едукативни активности и безбеден простор за деца и млади од ранливи категории.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во културно-забавна програма, настапи на училишни и детски групи, весели активности за деца, како и занаетчиски и хуманитарни штандови, преку кои директно ќе придонесат кон работата на центарот. Настанот е отворен за сите граѓани и е наменет за целото семејство.
- Со голема радост ве покануваме да бидете дел од празничната магија на Божиќниот базар. Дојдете да ја почувствувате топлината на празниците, да уживате во пријатна атмосфера, насмевки и убави моменти споделени со семејството, пријателите и заедницата. Базарот нуди рачно изработени подароци, топли празнични мигови и мали изненадувања кои ја носат вистинската празнична радост. Со вашето присуство не само што ќе создадете убави спомени, туку и ќе дадете поддршка на хуманата цел што стои зад овој настан. Ве очекуваме со отворени срца, топол чај и празнична насмевка. Да ја споделиме радоста – заедно! “, порачуваат од „Гнездо“.
Дневниот центар е основан со поддршка на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, во соработка со ЕКПАТ Австрија, во рамки на проектот „Зајакнување на иднината“, и континуирано работи на унапредување на благосостојбата и заштитата на децата и младите.
МИА
Ново на Сител
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
