Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни

Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ организира голем хуманитарен настан кој ќе се одржи на 15 јуни во 19:00 часот, во Градскиот парк во Кочани.
Настанот е посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели, а има за цел да ја промовира хуманоста, заедништвото и поддршката кон семејства од ранливи категории.
Според организаторите, сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за директна помош на семејства кои имаат потреба од поддршка.
Во рамките на програмата е предвидена и модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и продажба на фустани, при што целиот приход ќе биде насочен кон хуманитарната цел на настанот.
Настанот ќе биде збогатен и со музичка програма, а организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и да придонесат за заедничката хумана мисија.
„Ве очекуваме заедно да испратиме порака на хуманост, почит и надеж“, стои во поканата од организаторите.
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
