Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира.
Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.
Јеменските бунтовници на почетокот од месецот соопштија дека ќе продолжат да ги напаѓаат само израелските бродови во Црвено Море.
Ново на Сител
-
Три туристички рути во Дојран ќе привлекуваат посетители и надвор од летната сезона
-
Преглед на вестите од светот
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала