Преглед на вестите од светот
Висок функционер на Хамас изјави дека групата го одбила планот за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Според планот кој го објавија израелските медиуми Хамас требаше да предаде десетмина живи заложници и тела на 18 починати. Речиси 4.000 луѓе загинаа во Газа во изминатите десет дена, според тамошното министерство за здравство.
Царините на американскиот претседател Доналд Трамп остануваат на сила додека трае жалбената постапка во сојузничкиот апелационен суд.
Одлуката доаѓа откако панел од тројца сојузни судии заклучи дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на глобалните царини, повикувајќи се на закон што овозможува итни мерки во надворешнотрговската политика. На почетокот на годината Трамп воведе универзална царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи. Најави уште повисоки стапки за земји како Мексико, Канада и Кина.
Трговскиот суд пресуди дека претседателот нема законско овластување да наметнува огромни тарифи врз основа на Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби. Белата куќа веднаш поднела жалба, а Апелациониот суд за Федералното подрачје одобри привремено задржување на пресудата.
Француската влада забранува пушење цигари на отворени јавни места каде што може да се наоѓаат деца а мерката настапува од 1 јули На плажите, во парковите, околу училиштата, автобуските постојки и спортски објекти ќе важи забраната. Казна за непочитување на забраната ќе биде 135 евра а од француското министерство за здравство велат слободата за пушење завршува таму каде што почнува правото на децата да дишат чист воздух. Забраната ќе важи и за средните и високите училишта, особено со цел учениците да не пушат пред нивните училишта. Мерката нема да ги опфати кафулињата, ниту електронските цигари.Француските власти проценуваат дека пушењето предизвикува 75 000 смртни случаи годишно во државата.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар