И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето

И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел.
- Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на упориштето на Хезболах во јужните предградија на Бејрут.
Тој истакна дека Израел „категорички ги отфрла израелските закани“, додавајќи оти „ИДФ ќе продолжи да дејствува против терористичката организација Хезболах“.
Во меѓувреме иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел дека ако направат уште една грешка регионот ќе се претвори во „пекол“ за нив.
- Четириесет и седум години и 100 дена отпор – од бојното поле до градските плоштади, од градските плоштади до арената на политиката и дипломатијата – го променија светскиот безбедносен поредок. Доколку сатанската ционистичко-американска коалиција направи уште една грешка, регионот ќе стане пекол за нив, ја пренесе пораката секретарот на Советот, Мохамед Багер Золгхадр.
МИА
Ново на Сител
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
