И приватните стоматолози бараат помош од државата
Приватните стоматолози бараат директна финансиска помош од Владата и ослободување од плаќање надоместоци кон државата преку петтиот пакет мерки, во спротивно ќе биле принудени да стават клуч на врата на ординациите. Од здружението на приватни стоматолошки установи велат дека околу 1000 тимови се засегнати од Ковид кризата и не биле во можност да ги покријат основните трошоци и да исплатат плати.
-Поради рестриктивните мерки и посебните услови и протоколи за работа кои им биле наложени на приватните здравствени стоматолошки установи, преполовената фреквенција на посети и интервенции на пациенти, како и потребата од дополнителни и непредвидени финансиски трошоци по однос на обезбедување на дополнителна надстандардна и редовна заштитна опрема која поради ковид кризата повеќекратно се зголеми, стоматолошките ординации како микро-правни субјекти претрпеле огромни финансиски загуби и се доведени на раб на егзистенција, изјави д-р Жарко Ѓорѓиев, претседател на ЗПЗСУ.
Поради коронавирусот стоматолошките ординации беа затворени 2 месеци. Со нови протоколи и преполовување на бројот на на пациенти повторно ги отворија вратите за пациентите на средината на мај.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
