„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството.
Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот свој професионален живот го посветиле на науката, истражувањето, инженерството и образованието на нови генерации стручни кадри. Наместо аргументирана дебата, тие се соочуваат со лични дисквалификации и неосновани обвинувања, само затоа што нивните ставови не се совпаѓаат со ставовите на дел од активистите.
Никој нема монопол врз јавната дебата и секој има право да го изрази своето мислење. Но, кога станува збор за сложени инженерски, геолошки и технолошки прашања, државата мора да ги слуша луѓето кои поседуваат соодветно образование, долгогодишно искуство и професионална одговорност. Само тие можат компетентно да ги оценуваат техничките процеси, современите технологии и нивното влијание врз животната средина.
Не може кредибилитетот на професори, научници и инженери да се поткопува со јавни кампањи кои не се темелат на стручни анализи, туку на дискредитации и притисоци. Таквиот пристап не придонесува за јавниот интерес, туку ја поткопува довербата во науката, институциите и експертското знаење.
Уверени сме дека иднината на Македонија не смее да се гради врз страв, шпекулации и политички притисоци, туку врз факти, законски процедури и независни стручни проценки. Само така можат истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и економскиот развој.
Би било поразително за државата доколку стратешките одлуки зависат од јавен притисок, а не од научните сознанија, експертските анализи и институциите надлежни да ја утврдат исполнетоста на сите законски и еколошки стандарди. Македонија има потреба од силни институции кои ќе ги почитуваат знаењето и струката, а не од општество во кое научниот глас се замолчува со дискредитации.
Затоа уште еднаш апелираме Владата и надлежните институции да продолжат да одлучуваат исклучиво врз основа на законите, научните докази и стручните мислења. Само така ќе се донесуваат одлуки што ќе бидат во интерес на државата, граѓаните и идните генерации.
Ново на Сител
-

Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
-

Средба Сиљановска Давкова - Мацут: Посебен осврт на претстојниот Самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид
-

Мицкоски: Имаме намалување на државниот и на јавниот долг и зголемување на индустриското производство во јуни од 6,5 отсто
-

Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
