-->
-->
Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-->

Полициски службеници од СВР Штип расветлија кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
На 27.01.2026 година, С.Д. (81) од Штип пријавила дека непознато машко лице со употреба на сила влегло во просторијата каде што престојувала и физички ја нападнало, нанесувајќи и тешки телесни повреди. При тоа одзел мобилен телефон и прстен, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.
По преземени мерки, како сторител е идентификуван Џ.Д. (36) од Кавадарци, кој на 14.02.2026 бил приведен во Прилеп и предаден на СВР Штип.
На 15.02.2026 до ОЈО Штип е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
