ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
На светскиот ден за борба против ракот директорот на Фондот за здравство уверува дека онколошките пациенти нема да останат без терапија. Иако буџетот на Клиника е ист како лани Клековски вели дека средствата се доволни за годишната набавка на лекови вклучително и скапите цитостатици која треба да се реализира во април.
- Од 80 лекови, само за 4 кои не спаѓаат во скапа биолошка терапија повремено има проблем поради дистрибутерите. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме навреме, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Според директорот на ФЗО за да има лекови за сите болни од рак треба добро да се менаџира користењето на терапијата според јасни критериуми кои ќе важат за сите пациенти и да нема привилигирани. Во таа насока Клековски вели дека крајно време е да се обноват и водичите за лекување кои се стари речиси 20 години, а контролата на ефикасноста на терапијата ќе се прави со зголемување на бројот на ПЕТ скен снимањата.
И тука важна алка е ПЕТ центарот, рече Клековски, додавајќи дека во 2025 година се направени над 2.007 ПЕТ снимки, а целта е да се достигне бројка од 5.000 до 6.000 годишно.Сашо Клековски, директор ан ФЗО
На брифингот со медиумите од Фондот посочија дека лани во јавното здраство биле направени речиси 14.000 операции на тумори, но слаба алка во системот за борба против ракот останува недостигот на патолози и онколози, пред се во болниците во внатрешноста.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
