ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран

Израелската војска (ИДФ) тврди дека го погодила иранскиот нуклеарен комплекс Талеган во близина на Техеран, за кој наведуваат дека бил користен за развој на технологии потребни за производство на нуклеарно оружје.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека станува збор за комплексот Талеган, што бил погоден за време на воздушните напади на израелските воздухопловни сили во текот на изминатите неколку дена.
Според израелската војска, Иран во последните неколку години во оваа локација развивал напредни експлозиви и спроведувал чувствителни експерименти како дел од проектот AMAD, за кој Израел тврди дека е тајната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран.
ИДФ вели дека комплексот Талеган веќе бил цел на израелски напади во октомври 2024 година, кога Израел возврати на иранскиот ракетен напад претходно истиот месец.
Според израелската војска, неодамна било утврдено дека Иран започнал со обнова на комплексот по тие напади.
„Иранскиот режим продолжи со своите напори за унапредување и развој на капацитетите потребни за производство на нуклеарно оружје“, соопшти ИДФ.
Додадено е дека најновиот напад е дел од поширока серија операции насочени, според израелската војска, кон понатамошно ослабување на нуклеарните амбиции на Иран.
МИА
Ново на Сител
-

САД евакуира дел од несуштинскиот персонал од Саудиска Арабија поради безбедносни ризици
-

Израел нападна командни центри поврзани со иранските безбедносни сили
-

Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж
-

Србија го запре извозот на горива до 19 март
-

Водата во Скопје безбедна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП Водовод и канализација
-

Приведена 30-годишна жена по пукање врз луксузната вила на Ријана во Лос Анџелес
-

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството
