-->
-->
ИДФ: Со тенкови и пешадија нападнати позиции на Хамас во Газа, по нападот војската се врати на израелска територија
-->

Изралеските копнени сили во текот на ноќта извршија релативно голем упад во Појасот Газа, јавија британските медиуми, повикувајќи се на израелското воено радио.
Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот на северот на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од борбата.
„Тенкови и пешадија на ИДФ нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. По нападот војската се врати на израелска територија“, соопшти ИДФ на социјалните мрежи и притоа закачи и видео снимка од копнената операција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
