-->
-->
ИДФ: Жителите на Газа треба да се упатат на југ од енклавата меѓу 10 и 16 часот по локално време
-->
Израелската армија им порача на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа денеска да користат два патни правци за да се упатат кон југ, изјави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае.
Во изјавата објавена на арапски јазик на социјалната мрежа Х, портпаролот Адрае наведува дека двете рути може да се користат без никаква опасност меѓу 10 и 16 часот по локално време.
На оние кои живеат во градот Газа им беше препорачано да се преселат јужно од Беит Ханун до Кан Јунис, пред можната копнена офанзива од страна на израелската армија.
„На луѓето кои живеат во близина на плажата и западно од Олива ќе им биде дозволено да се движат по улиците Далдул и Ал-Сана кон Салах Ал-Дин и Ал-Бахр“, додаде Адрае.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
