Македонија
7. јуни 2026 - 16:35

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам

Со медицински туризам пациенти од земјата добиваат ветувања дека ќе бидат оперирани во странска болница а со донации ќе има и пари за интервенцијата. Но некои од нив остануваат и без собраните финасии и без услугата алармираат лекари од Македонија.

Дирекорот на ТОАРИЛУЦ предупредува дека со години мониторираат доаѓање на странски доктори кои прегледуваат во болници или нездравствени установи и немаат никаква евиденција дали се медицински лица или не.

-Се прави ловење на пациенти, убедување, ставање во некој систем каде што треба да се собираат средства, ставање во некои апликации на социјалн имрежи за собирање на донации, тие апликации се од странски држави. Така да апелирам секој што има здравствени проблеми да не влегува во таков систем на убедување, вели д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.

Мерџановски вели дека пред еден месец имале таков пациент кој претходно бил на преглед во хотел и сликан за апликација каде се собираат пари од донации.

-Ние ја гледавме апликацијата, дискутиравме за тоа, брзо реагиравме, детето беше згрижено, оперирано, вели Мерџановски.

Секој странски доктор кој сака да прави прегледи или интервенции во земјата треба да има лиценца, дозвола и да е пријавен кај надлежните здравствени власти. За некои операции треба праќање во странство, но дел од нив со помош на лекари од Турција ги има и во спиналниот центар и нема потреба од малтетирање на болните за патување надвор од државата.

-Правиме секакви видови операции на рбет, не само сколиоза туку и деформитети кај возрасни како кај пациенти на возраст на 60 години особено жени со различни проблеми на грбот, правиме се, тумори – вчера имавме многу тешка повреда на лумбален рбет и Мерџановски тоа го поправи додека јас без на друга операција, значи се може да се направи тука, вели проф. д-р Уфук Ајдинли, трауматолог Турција

Викендот биле направени 9 комплексни операции на локомоторниот систем , а освен интервенциите, младите лекари учат од странските доктори посебно за сколиозите.