IDJ Show
Нови музички ѕвезди, нов член на жирито и многу забава во новата сезона на возбудливото „IDJ Show“. Се работи за прво регионално шоу фокусирано на новосоздадена урбана музика која е особено популарна на дигиталните медиуми и воедно шоу преку кое се вложуваат големи суми во развој на кариерата на нови музички ѕвезди.
Учесниците во ова шоу развиваат и своја дигитална платформа, а со самото тоа добиваат можност од микро инфлуенсери да постанат големи ѕвезди на јавната музичка сцена. Жирито го сочинуваат Реља Поповиќ, Наташа Беквалац и Сека Алексиќ. Сека ќе донесе свежа перспектива, додека Реља и Наташа продолжуваат да пленат со својата препознатлива енергија и стручност, која публиката веќе добро ја познава од претходните сезони.
IDJ Pepsi Show продолжува да ги поместува границите на традиционалните музички формати, комбинирајќи телевизиски и дигитални платформи за да ѝ ги претстави на публиката најталентираните изведувачи од новата генерација. Гледачите имаат можност да учествуваат во развојот на кариерите на младите таленти преку онлајн поддршка - лајкови, коментари и споделување содржини, што го прави овој формат уникатен во нашиот регион. Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги држи кандидатите „во“ или „надвор“ од играта, па затоа поддржете ги вашите фаворити сѐ до самиот крај на натпреварувањето.
Оваа сезона на Сител – потрага по нови регионални ѕвезди во шоуто за нова и модерна музика. Затоа - лајкни, шерни и коментирај!
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
