ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година

Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), отстапувајќи од своите претходни очекувања за брз премин кон почисти горива и предвидувајќи дека светот веројатно нема да ги исполни климатските цели.
ИЕА, западната агенција за надзор на енергетската безбедност, во последните години е под притисок од САД поради нејзиниот фокус на политиките за чиста енергија, бидејќи претседателот Доналд Трамп ги повика американските компании дополнително да го прошират производството на нафта и гас.
За време на администрацијата на Џо Бајден, ИЕА предвиде дека глобалната побарувачка за нафта ќе го достигне врвот оваа деценија и рече дека не се потребни понатамошни инвестиции во нафта и гас ако светот сака да ја исполни својата климатска цел.
Министерот за енергетика на Трамп, Крис Рајт, ги нарече проекциите на ИЕА за врвот на побарувачката „глупости“.
ИЕА е финансирана од земјите-членки, а САД придонесуваат најмногу. Енергетските политики на владите и компаниите ширум светот се базираат на нејзините анализи и податоци.
Во својот годишен Светски енергетски извештај објавен денеска, ИЕА предвиде дека според сценариото на моментални политики, до средината на векот побарувачката за нафта ќе достигне 113 милиони барели дневно, што ќе биде околу 13 проценти повеќе од потрошувачката во 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
