-->
-->
Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-->

Околу 1.000 станбени згради и натаму се без греење во Киев, каде работниците за поправка се исцрпени, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Моментално само во Киев работат повеќе од 200 екипи, а според Министерството за енергетика, нивниот број ќе се зголеми за да се обезбеди ротација на работниците. Луѓето се исцрпени“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по состанокот за ситуацијата во енергетскиот сектор, кој вчера беше силно погоден во руското бомбардирање.
Зеленски додаде дека ситуацијата останува тешка во регионите Харков, Суми, Полтава, Днепропетровск и Чернигов.
Украинската премиерка Јулија Свириденко објави на Телеграм дека енергетскиот сектор на Украина е цел на 217 руски напади од почетокот на годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
