Македонија
23. March 2021 - 21:32
Има ли решение за функционална состојба?
Лидерската средба, политички дијалог во Собранието или предвремени избори? Политичките аналитичари гледаат различно во што е решението откако вчера спикерот Џафери прогласи мораториум на парламентарните сесии поради блокадата на опозицијата, но и мнозинството кое не може да обезбеди кворум.
Професорот Даскаловски вели решението се избори. Лидерските средби како формат треба да се напуштаат.
Според аналитичарот Селими пак, потребен е дијалог во рамките на Собранието. Вели власта треба прва да подаде рака, а опозицијата да биде поконструктивна.
Селими не е за предвремени избори поради тоа што смета дека нема да го променат соодносот на политичките сили во парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
