Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.
Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.
Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.
Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
