Инцидентите на јужната граница укажуваат на потребата од единствен европски одговор на мигрантската криза
Загриженост поради состојбата на грчко – македонската граница пристигна и од шефопт на германската дипломатија. За Франк – Валтер Штајнмаер сликата која го обиколи светот е доказ дека државите не можат сами да се спровата со проблемот. Во интервју за Дојче Веле Штајнмаер повикува на заеднички одоговр.
-Снимките кои ги видовме се доказ дека не може да се најде решение кога земјите делуваат сами. Можете да го отфрлате проблемот со бегалците, можете да ги враќате бегалците назад од каде што дошле во вашата земја, но тоа не е решение. Потребен ни е заеднички европски договор. Тоа сега станува се појасно и се надевам дека на самитот на шефовите на владите на 7 март ќе придонесе за подобра соработка на европските држави, вели Штајнмајер во интервјуто за Дојче Веле.
Македонскиот шеф на дипломатијата, пак во интервју за ББС, порача дека Македонија постапува согласно договорот со ЕУ, исто како и останатите земји кои се дел од рутата. Најлесно е вели Попоски да се отворат границите и бегалците да продолжат кон Западна Европа.
Македонскиот претседател во интервју за Шпигел онлајн порачува дека Македонија е одлучна да не стане складиште за мигранти доколку се затворат границите затоа што земјата се сеќава на искуството од косовската криза кога ниту еден од соседите не помогна и не прими ниту еден од 360,000 бегалци кои пристигнаа во Македонија. Иванов во интервјуто посчува дека бирократијата на ЕУ потфрлила во могрантската криза.
-Не можевме да чекаме на Брисел да донесе одлука. Донесовме сопствени одлуки. Во време на криза, останува на секоја земја да изнајде сопствени решенија. Доколку чекавме совет од Брисел како да се справиме со кризата, Македонија ќе беше преплавена со бегалци, вели Иванов.
Претседателот оценува дека затворањето на балканксиот коридор само ќе ги активира криминалните мрежи кои ќе се погрижат за наоѓање на нов пат до западна европа. Иванов во интервјуто изразува поддршка за политиките на Меркел за отворени врати, а решението го гледа во изворот на кризата во подрачјата зафатени од војна кои оценува дека се надвор од контрола на Европа.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
