Македонија
28. April 2021 - 21:21

Индивидуални или координирани иницијативи за независни листи од членови на СДСМ пред локалните избори?

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој важи за функционер од СДСМ кој во јавноста честопати изнесува различни ставови од раководството на партијата, смета дека во моментов најважно е обединување во СДСМ.

И покрај различните ставови тој тврди дека не е во конфликт со челните луѓе во партијата, но ниту прецизира дали ќе се кандидира сам на претстојните локални избори.

Аналитичарот Петар Арсовски смета дека многу е рано да се даваат било какви прогнози затоа што искуството особено пред локални избори до сега покажало вакви состојби, но е согласен дека секако може да се смета за притисок кон раководството.

Истакати членови од таканареченото старо крило на СДСМ и долгогодишни советници во советот на општина Охрид формираат независна листа за локалните избори под мотото „Охрид пред се’“. За Сител тврдат дека не станува збор за отцепување од партијата, туку иницијаивен одбор кој пред се ќе ги претставува интересите на охриѓани без примање наредби од внатрепартиските хиреархии. По укинување на мерките, најавуваат теренски активности.