Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана.
-Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за развој на фудбалот, изјави Инфантино за Ројтерс.
Според првиот човек на Светската фудбалска асоцијација, продадени се повеќе од шест милиони билети за Мундијалот, а побарувачката ги надмина очекувањата десеткратно.
Светското првенство во 2026 година се одржува за прв пат во три земји – Мексико, САД и Канада. Воведниот натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка ќе се одржи на стадионот „Естадио Ацтека“ во мексиканската престолнина вечер од 21 часот по македонско време.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
