Инфлација од 2,9 отсто во февруари

Статистика измери 2.9 осто повисока инфлација во февруари годинава во однос на истиот месец претходната година. Поскапување од 3,9 отсто се забележува кај храната и пијалоците. Од храната најголемо поскапување има кај овошјето и јаткастите производи, потоа кај млекото млечните производи и јајцата поскапувањето за една година е 4,2, Кај шеќерот поскапувањето е речиси 9 отсто но тука станува збор за берзантски производи.
Доколку се погледне инфлацијата не месечно ниво, таа е зголемена за 0,2 отсто во февруари, споредено со јануари. Исто толку е покачувањето на цените на храната, најголем раст има кај ставките „Услуги за образование“ од 4 проценти и кај облеката и обувките за 1,1 отсто.
Од Народната Банка за Сител велат дека податоците за инфлацијата во последните месеци укажуваат на стабилизација и постепено забавување, но неизвесноста во глобалното окружување и натаму е значајна.
-Геополитичките тензии, особено на Блискиот Исток, можат да влијаат врз движењата на цените на енергенсите, што е еден од клучните фактори за инфлацијата на глобално ниво. Со оглед дека станува збор за геополитички настани чиј тек и времетраење е тешко да се предвидат, во овој момент е рано за попрецизни процени за нивното влијание врз инфлацијата во наредниот период. Како мала и отворена економија, нашата економија може да почувствува одредени ефекти, пред сè преку цените на енергенсите и преку надворешното економско окружување. Народната банка внимателно ги следи сите случувања и редовно изработува сценарија за можните ефекти врз домашната економија, со цел навремено да се реагира доколку се појават посилни инфлациски притисоци или други ризици за макроекономската стабилност, велат од Народната Банка.
Ново на Сител
-

Прес-конференција на министерот Муцунски за евакуацијата на македонските државјани
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
