Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
Драконски казни за маркетите кои девијантно се однесуваат на пазарот и практикуваат не фер трговски практики, односно, вештачки ги зголемуваат цените на производите, најави првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски.
- Преку, условно кажано, маркетинг услуги наметнуваа давачки кои може да се квалификуваат како не фер трговски пракси, кон производителите и дистрибутирети во нивните маркети за да имаат подобро место на рафтовите и складовите, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Пазарниот инспекторат будно ја следи состојбата на терен и ќе бидат преземени соодветни мерки.
- Во јануари веќе очекувам против 2 сигурно, а може и против 3 такви маркети да започнеме жестоки акции, додаде Мицкоски
За стабилизирање на економската состојба во земјата, Мицкоски очекува годинава инфлацијата да не надмине 3 % и да биде помала од растот на БДП.
- Напуштање на оние политики на воведување мерки, кои 2-3 месеци вродија со плод, но тоа потоа се растури во следните месеци и во тие месеци имавме висока инфлација, изјави Мицкоски
Со засилен инспекциски надзор и најавени жестоки акции, целта е заштита на граѓаните, стабилизирање на цените и одржување на инфлацијата на контролирано ниво.
-
Трајан Рисотвски
Сите содржини од овој новинар
