Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на мало во февруари во однос на јануари годинава изнесува 99,7.
Како што наведува ДЗС, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2,9 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 1,6 проценти.
Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: Услуги за образование за 4 проценти, Облека и обувки за 1,1 процент, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,9 проценти, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,3 проценти, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 проценти.
Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0,8 проценти, Здравствена заштита за 0,6 проценту, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Информации и комуникации за 0,2 проценти, Ресторани и услуги за сместување за 0,1 процент.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
МИА
Ново на Сител
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
-

Законот за сезонски работници ги дава првичните резултати, но потребни се одредени измени во однос на ограничувањето на деновите за ангажман
