Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
Инспекторатот за употребата на македонскиот јазик се уште нема вработено испектори. Директорката не може да прецизира кога ќе може да се распише огласот за вработување, бидејќи чека зелено светло од Министерството за финансии за објавување. Но, за едно лцие да се стане инспектор потребна е 12-месечна обука, три месеци теоретска и уште 9 месеци теренска обука.
Едно од главните очекувања беше дека со отворањето на Инспекторатот голем број лектори конечно ќе бидат вработени. Но и за тоа ќе се почека, бидејќи надлежните се уште немаат конкретна анализа кои национални установи имаат вработено лектори.
Министерот за култура на новогодишниот брифинг со новинарите кажа дека се прават напори да се санираат крововите на националните установи кои прокиснуваат. Поради очајната состојба во која се наоѓаат установите најави поголем поголем буџет за 2026 во делот на капитални проекти.
Министерот вели дека санацијата на прокисатите делови во МНТ се одвива со забрзано темпо, а почна санирањето на покривот и на НУБ Св Климент Охридски. Минатата недела е објавен и нов тендер за Универзална сала, бидејќи на претходниот ниту една фирма не ги исполни условите за избор на нејзин изведувач.
-
Габиела Лескова
Сите содржини од овој новинар
