Македонија
19. July 2023 - 16:36

Инспекторите на ДСЗИ утврдиле дека нема пропусти во случајот со мртвороденото бебе во Битолската болница

Инспекторите од ДСЗИ не констатирале пропусти во случајот со мртвороденото бебе при вонредниот надзор во Битолската Клиничка болница. Од инспекторатот за Сител потврдија дека во рамките на нивните надлежности медицинскиот кадар постапил како што треба со 21 годишната родилка која била породена со мртов плод во 36-тата недела,  но ниту тие ниту министерството за здравство не го објавија извештајот и покрај неколку часовните инсистирања. Од ДСЗИ велат дека го доставиле до кабинетот на министерот зошто тие го инцирале надзорот и тие требало да ја информираат јавноста, а од таму пак го велат тека тоа треба да го стори инспекторатот.

И додека двете институции си префрлаат одговорност кој да го сподели извештајот со јавноста, утринава преку соопштение и фотографии информираа за работната средба на министерот со директорката на ДСЗИ и посочуваат дека транспарентноста е во интерес на пациентите за довербата во јавното здравство, но попладнево соработката меѓу двете институции затаи.