Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
Кремљ не дал јавна обврска за билатерална или трилатерална средба на високо ниво, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трaмп по вчерашната мултилатерална средба во Белата куќа, соопшти Институтот за проучување на војната на својата веб-страница.
Вашингтонскиот тинк-тенк ги цитира зборовите на Трaмп, кој рече дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по разговорите во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери, и дека започнал да организира билатерална средба меѓу лидерите на Русија и Украина.
Без да наведе датум и место за средбата, Трaмп додаде дека по неа, тој, заедно со Путин и Зеленски ќе одржат трилатерални разговори. Сепак, Институтот за проучување на војната истакнува дека Кремљ не се обврзал јавно за такви средби.
Институтот го цитира советникот за надворешна политика на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, кој по телефонскиот разговор меѓу Путин и Трaмп изјави дека двајцата лидери „изразиле поддршка за продолжување на директните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина“ и дека „ќе биде потребно да се разгледа можноста за зголемување на нивото на претставници од украинска и руска страна“.
Ушаков се осврна на релативно ниското ниво на делегациите на двете страни во конфликтот за време на неколкуте рунди преговори во Истанбул оваа година.
Според американските аналитичари, оваа позиција покажува дека сè уште нема согласност за билатерална или трилатерална средба на високо ниво. Оваа оценка е во согласност со анализите на Институтот дека Русија не се откажала од своите максималистички цели за подредување на Украина.
На позадината на дипломатските напори, размената на напади меѓу двете страни во конфликтот продолжи и ноќеска. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија ја нападнала Украина со 270 дронови и 10 ракети, додека руското Министерство за одбрана пријави соборување на 23 украински дронови.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите