Македонија
3. February 2022 - 21:04

Интерконективното гасно поврзување на Петрич со Струмица е еден од приоритетите на работната група со Бугарија

Интерконективното гасно поврзување на Петрич со Струмица е еден од приоритетите на работната група со Бугарија задолжена за инфраструктура транспорт и поврзување. 

Министерот Благој Бочварски кој ја предводи македонската страна од оваа комисија вели дека со бугарскиот министер за енергетика на оваа тема разговарал уште на првата средба и договориле на тоа прашање да му се даде даде посебно значење. 

Реализацијата на овој проект ќе овозможи поевтин гас за општина Струмица  која веќе има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот.

„Министерот ме информираше дека ќе се заложи да ги разгледа сите состојби кои што моментално ги има во Бугарија, но и ние од наша страна и потоа секако ресорните министерства овде, зборувам за Министерството за економија и Транспорт и врски како дел од единицата која што работи на изградба на магистралните гасоводи, заедно со бугарската страна да преминеме кон оваа постапка. Така што да тоа е дел од разговорите и тоа е еден од приоритетите за да направиме и можност за економија и да имаме поефтин енергенс за граѓаните на општина Струмица, вели Благој Бочварски - министер за транспорт и врски. 

Според најавите на оваа тема повторно ќе се разговара веќе на втората работна средба на двете групи која треба да се одржи следната седмица во Бугарија.

Бочварски информираше дека истовремено се работи и на проектните документации за интерконективното гасно поврзување со Грција до Неготино. Соопшти дека се прави се проектот што  поскоро влезе во реализација со цел да се добие уште еден приклучок на гас покрај тој што го има во моментот, од источната страна кај Крива Паланка.