Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура

Иранската новинска агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, извести дека за време на американските напади на островот Харг се слушнале над 15 експлозии.
Според информациите од Фарс, цел на дејствијата не била нафтената инфраструктура. Наместо тоа, бомбардирани биле противвоздушната одбрана, една поморска база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп, преку платформата „Трут соушл“, објави дека американската армија неодамна извела еден од најсилните воздушни напади во историјата на Блискиот Исток.
„Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе едно од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харг, бисерот на Иран“, наведе Трамп.
Тој исто така истакна дека донел одлука да не се напаѓа нафтената инфраструктура на островот. „Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Сепак, ако Иран или некој друг стори нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука“, предупреди Трамп.
Иранската армија соопшти дека секој напад врз нафтената и енергетската инфраструктура ќе резултира со возвратен удар врз енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании што соработуваат со САД во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
