Иран го нападна Израел со една од најнапредните балистички ракети

Според објава на иранската новинска агенција „Тасним“, на Телеграм е споделена снимка за која се тврди дека прикажува ракети насочени кон Тел Авив. Наводно, нападот претставува одмазда за атентатот врз шефот за национална безбедност Лариџани.
Исламската револуционерна гарда соопшти дека во „интензивните“ напади врз Израел биле употребени ракетите Хорамшахр-4.
Од израелска страна беше потврдено дека рано утринава бил пресретнат нов бран ракети од Иран, при што нападите биле насочени кон повеќе градови, меѓу кои и Тел Авив. Според службите за итни случаи, во централниот дел на земјата загинале две лица.
Нападите дојдоа откако Иран вети одмазда за убиството на Лариџани во израелски напад. Врховниот воен командант на Иран, генерал-мајор Амир Хатами, рече дека одговорот на Иран на смртта на Лариџани ќе биде „решавачки и жален“.
„Крвта на овој голем маченик и другите почитувани маченици ќе биде одмаздена“, рече Хатами, според „Тасним“.
Генерал-мајор Али Абдолахи, командант на Централната команда на иранската армија „Хатам ал-Анбија“, испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој мора да ги почека нашите изненадувања“, рече Абдолахи, додавајќи дека одговорот на вооружените сили ќе биде „поразорен отколку што непријателот може да замисли“, објави „Тасним“.
„Корамшахр-4“, позната и како „Кејбар“ во Иран, е една од најнапредните балистички ракети со среден дострел на Иран. Беше претставена во 2023 година како модернизирана верзија на постарата ракета „Корамшахр“.
Ново на Сител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
