Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
Иран денеска најави дека ќе гради нова, трета постројка за збогатување ураниум на безбедна локација. Најавата уследи по резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во која се обвинува Техеран дека не ги исполнува своите нуклеарни обврски.
– Исламска Република Иран нема друг избор освен да одговори на оваа политичка резолуција. Според тоа, шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран ги издаде неопходните наредби за изградба на нов центар за збогатување на безбедна локација, се наведува во заедничката изјава на иранското Министерство за надворешни работи и Организацијата за атомска енергија на Иран.
Во соопштението наводите на МААЕ се оценети дека се „без правна основа“ и „политички мотивирани“.
Претходно, 35-члениот Извршен одбор на МААЕ усвои резолуција иницирана од САД, Франција, Германија и Велика Британија, во која се потенцира дека Иран „не ги исполнува своите обврски“ и предупреди дека прашањето може да биде предадено на Советот за безбедност на ОН.
МААЕ истакна дека Техеран со години одбивал да ги објави своите нуклеарни активности, додека инспекторите откриле траги од ураниум и други сомнителни докази на непријавени локации.
Иран претходно се закани дека ќе се повлече од Договорот за неширење нуклеарно оружје (НПТ).
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот