Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Тој изјави за иранската државна телевизија дека договорот вклучува и укинување на блокадата на САД кон Иран, но дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе започнат подоцна.
„Би-би-си“ објави дека американските претставници потврдиле некои од деталите од договорот.
Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.
Арагчи рече дека меѓу претставниците на Врховниот совет за национална безбедност има „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот.
„Мора да почекаме. Доколку биде одобрен, договорот ќе биде потпишан од далечина“, додаде тој, пренесе „Бета“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
