Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху

Иранската војска се закани дека ќе го убие израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми.
Тамошна новинска агенција пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила дека ќе продолжи „да го прогонува и ќе го ликвидира со сила“.
Според тврдењата на иранската страна, во 52-от бран напади биле погодени и уништени повеќе цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот.
Иранската гарда наведува дека нападите се дел од одмаздничка операција по последните израелски и американски удари врз цели во Иран и убиството на нивниот врховен водач. Во Техеран тврдат дека операциите ќе продолжат сè додека, како што велат, не бидат „казнети одговорните за агресијата“.
Израелските власти засега не ги коментираа овие закани, но израелската армија претходно соопшти дека е во состојба на висока борбена готовност.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
