Свет
17. October 2026 - 15:41

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена

Иранската морнарица соопшти дека Ормуската Теснина е затворена и оти се забранува минување на бродови од разни земји низ неа.

– Последицата од прекршувањето на иранските прописи во Ормуската Теснина е тоа што „довербата во американската терористичка војска ја проголтува оган“, изјави претставник на морнарицата, алудирајќи на супертанкерот што ноќеска се запалил во Ормуската тенсина откако налетал на поморска мина.

Според извештаите, од вчера се погодени уште најмалку два танкера во близина на брегот на Саудиска Арабија во Персискиот Залив.

МИА